Свет Синдикати

Вработени во Музеите на Ватикан почнуваат работен спор без преседан за работните услови

-Вработените се одлучија за оваа постапка дури откако со години на ниту едно барање не им беше одговорено, рече таа.

Вработени во Музеите на Ватикан почнуваат работен спор без преседан за работните услови

Четириесет и девет вработени во Музеите на Ватикан започнаа работен спор без преседан поради, како што велат, неправедните и лошите услови за работа, што може да доведе до непријатна тужба против администрацијата на папата Франциск.

-Вработените испратија петиција до градската управа на Ватикан во која се жалат на правилата што предизвикуваат „работни услови што го нарушуваат достоинството и здравјето на секој вработен“, изјави нивната адвокатка Лаура Сгро.

Таа додаде дека сегашните услови вклучуваат пониско платено прекувремена работа и недоволна здравствена и безбедносна заштита.

-Вработените се одлучија за оваа постапка дури откако со години на ниту едно барање не им беше одговорено, рече таа.

Синдикатите не се дозволени во Ватикан. Портпаролот на Ватиканските музеи одби да коментира. Четириесет и девет вработени, од вкупно околу 700 вработени во музеите на Ватикан, се италијански државјани и работат таму долги години.  (МИА)

To top