Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Аврамовски, постигна прекрасен гол за својот Болуспор и беше еден од главните творци на победата над Корум (2-1).
Македонецот премина во Турција од редовите на Сараево и сезонава се покажа како полн погодок, постигнувајќи осум гола и две асистенции, но денешниот погодок не ја остави рамнодушна публиката која го поздрави со громогласен аплауз.
Токму Аврамовски прв го отвори резултатот во 71. минута, а на крајот Болуспор славеше со конечни 2-1 и обезбеди учество во плеј-офот за пласман во турската Суперлига. Мисијата за пласман во елитниот ранг ќе биде тешка, но сепак второлигашот ги израдува своите фанови и ќе се обиде со сите сили да оствари уште поголем успех.
🇹🇷 Goal: Avramovski | Boluspor 1-0 Çorum FKpic.twitter.com/UGiD3OhQWt
— FootColic ⚽️ (@FootColic) May 11, 2024
Даниел Аврамовски сезонава одигра вкупно 17 натпревари за Болуспор, а претходно ги бранеше боите на Сараево, Кајзериспор, Вардар, Војводина, Олимпија Љубљана, ОФК Београд, Црвена Звезда и Македонија ЃП.