Останати спортови

Новак Ѓоковиќ се огласи по необичниот инцидент во Рим

Новак Ѓоковиќ се огласи по необичниот инцидент во Рим

Новак Ѓоковиќ имаше бизарна средба со  фановите во Италија по крајот на својот прв меч во Рим, бидејќи во моментите кога делеше автограми, Србинот доби удар во глава од еден од присутните на трибините.

Светскиот рекет број еден доби алуминиумско шише во глава и се превиткуваше од болка во прв момент, по што со помош на одговорните лица беше брзо пренесен во подтрибинскиот простор на „Форо Италико“.

Рано наутро, со официјална изјава се јави и самиот Ноле, кој покрај тоа што се заблагодари за пораките кои ги доби во изминатите неколку часа, нагласи дека станувало збор за случаен инцидент при кој немало зла намера.

– Ви благодарам на пораките за загриженост. Тоа беше несреќен случај и сега сум добро. Се одморам со ладни облоги, се гледаме во недела, – порача Ѓоковиќ кој во третото коло во Рим ќе игра против Алехандро Табило.

To top