Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал на Попова Шапка, каде според мерењата на УХМР се регистрирани 43 литри на метар квадратен.
Врнежи имало и во Куманово – 31 литар, во Дебар – 23, во Крива Паланка – 21, во Пожаране – 16, во Тетово – 12, во Струмица и Гевгелија – 10, во Претор, Охрид и Виница осум, во Маврови Анови седум, во Крушево пет, во Лазарополе, Штип и Дојран четири, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Битола два и во Берово и Велес еден литар.
ОД УХМР информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.