Македонија

Митева: Граѓаните не треба да имаат дилема, се она што сме го ветиле и сме се обврзале ќе го оствариме, тоа ќе се види уште во првите 100 дена од мандатот

Таа истакна дека во делот на економијата ќе има силен развој се со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Митева: Граѓаните не треба да имаат дилема, се она што сме го ветиле и сме се обврзале ќе го оствариме, тоа ќе се види уште во првите 100 дена од мандатот

„Платформата 1198 се работеше многу години наназад и е плод на едни теренски посети и средби со граѓаните кои ги остварувавме како една најактивна опозиција во историјата на Македонија која постоела затоа што постојано бевме на терен и помеѓу граѓаните. Детално се запознававме со нивните проблеми и она што навистина претставува нивен тежок животен стандард па оттаму произлегоа и решенијата кои ги преточивме во таа Платформа 1198“, истакна членката на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Таа продолжи и додаде:

„Граѓаните не треба да имаат дилема дека се она што сме го ветиле и сме се обврзале дека ќе го оствариме и ќе се потрудиме максимално да го оправдаме. Затоа што граѓаните даваат поддршка врз основа на програмски определби и таа Платформа 1198 од политичка програма ќе стане владина програма по која секој функционер во рамки на извршната власт ќе се води а и законодавната власт односно Собранието ќе ги носи оние законски измени или нови законски решенија за реализација на тие проекти“, вели Митева.

Таа истакна дека во делот на економијата ќе има силен развој се со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Во делот на економијата ќе имаме силен развој мора да го подобриме животниот стандард на граѓаните навистина се живее тешко, огромни маки и проблеми со кои се соочуваме. Мора да направиме едно добро предвидливо бизнис тло за бизнис секторот, да се отвораат повеќе работни места, да имаме пад на инфлацијата, регулирање на високите цени кои ги имаме по маркетите, да успееме да придонесеме бизнисот да биде тој кој нема секојдневно, месечно или тримесечно да ги менува политиките кои ги има, туку да имаат и тие една сигурна влада која ќе им даде предвидливост и така тие ќе градат една економија која ќе донесе добро за развој на државата, од друга страна се и странските инвестиции на кои ќе се посветиме така што упатувам порака граѓаните будно да не следат“, истакна Митева.

Таа посочи дека граѓаните очекуваат брзи резултати.

„Она што граѓаните го очекуваат се брзи резултати, јас морам да кажам дека навистина имаме и ние обврска да ја видат разликата граѓаните уште во првите 100 дена од мандатот, зошто го велам тоа? Затоа што кога добивате една толку силна поддршка тоа значи не само силна одговорност но и големи очекувања кои ги имаат граѓаните“, кажа Митева.

Таа продолжи и додаде:

„Денеска се поставија едни клучни точки за она што значи идно раководење и што би се барало од идните коалициони партнери, а тоа е во три точки. Првото е силна економија и забрзан раст на животниот стандард на граѓаните, како втора точка е борба ревносна против криминалот и корупцијата и како трета точка е продолжување на евроинтегративниот пат на Македонија, но врз база на принципи кои навистина Македонија ги заслужува“, децидна е Митева.

Најнови вести од Македонија

To top