Намалувањето на бројот на мигранти и баратели на азил сместени во прифатните центри во Грција, продолжило и во април, четврти месец по ред, согласно податоците од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци, бројот на лицата од 23.245 во март, се намалил за 13,9 отсто, на 20.021 во април, додека пак намалувањето, од почетокот на годината, достигнува 40 проценти.
Доколку се анализираат податоците од изминатите шест месеци, односно во периодот од ноември до април, во текот на декември бил најголем бројот на мигранти и бегалци во прифатните центри во целата држава, вкупно 32.900 лица, бројка која постепено се намалува во следните месеци.
Во однос на нелегалните пристигнувања во април биле регистрирани 2.493.