Познати Има само 18 години

И најмладиот син на Трамп влегува во политика

Иванка Трамп е единственото од петте деца на Трамп што остана надвор од политиката откако беше негов постар советник за време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа. Како и нејзините други браќа и сестри, и таа се преселила на Флорида.

И најмладиот син на Трамп влегува во политика

Иако сè уште нема завршено матура и средно училиште, Барон Трамп, најмладиот син на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, влегува во политичката арена. Имено, како што пренесува „Politico.eu“, Барон Трамп (18) е избран за делегат на Републиканската партија на националната конвенција.

Барон и другите двајца синови на Трамп, Доналд Трамп Јуниор и Ерик Трамп, ќе бидат партиски делегати од Флорида, каде што Трамп се пресели по напуштањето на Белата куќа. Интересно е што за делегат е избрана и помладата ќерка на Трамп, Тифани Трамп Булос, како и нејзиниот сопруг Мајкл.

Делегатите на Републиканската партија ќе учествуваат на националната конвенција што ќе се одржи во јули во Милвоки.

Иванка Трамп е единственото од петте деца на Трамп што остана надвор од политиката откако беше негов постар советник за време на неговиот четиригодишен мандат во Белата куќа. Како и нејзините други браќа и сестри, и таа се преселила на Флорида.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека Трамп води пред Џо Бајден на Флорида за повеќе од десет процентни поени. Тој победи на изборите во оваа држава во 2016 и 2020 година. (МИА)

To top