Фудбал

Белингем: Имав седум години, живеев во Бирмингем и сонував за вакви ноќи

Белингем: Имав седум години, живеев во Бирмингем и сонував за вакви ноќи

Џуд Белингем ќе го игра своето прво финале во Лигата на шампионите откако Реал Мадрид со луд пресврт во финишот го победи Баерн Минхен со 2-1.

Интересно е тоа што Белингем финалето ќе го игра токму против клубот од каде што дојде во Реал Мадрид, Борусија Дортмунд.

„Имав седум години, во Бирмингем, сонував за ноќи како оваа“, рече Белингем по мечот.

„Лудо е што ќе играм против Дортмунд во финалето, не ми се верува. Гледам позитивно кон дуелот, тие се таму бидејќи го заслужија тоа“.

To top