„Кралевите“ беа пред елиминација, губеа со 1-0 до самата завршница кога Хоселу од 88 до 91 минута постигна два гола и донесе пресврт за триумф и место на „Вембли“.
-Ова е Реал Мадрид, ние секогаш веруваме, -истакна Винисиус Жуниор кој беше прогласен за играч на натпреварот.
-Едноставно е магично да се игра за овој тим, на овој стадион и да се прави тоа толку пати. Ова е само уште еден пример, бидејќи секогаш веруваме во себе, можеме да победиме. Знаеме дека можеме да ја направиме разликата, без разлика на се, -додаде Бразилецот.
Финалето е закажано за 1 јуни.