Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Народот ја одржа најважната лекција кон власта и си ја спаси државата

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА КОЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ, АЛБАНЦИТЕ, ТУРЦИТЕ, РОМИТЕ, СРБИТЕ, ВЛАСИТЕ, БОШЊАЦИТЕ, НА ХРИСТИЈАНИТЕ И МУСЛИМАНИТЕ, НА ГОРДИОТ НАРОД кој покажа решителност и мудрост. Покажа смиреност, но голема активност, истакна вечерва на прес-конференција по убедливата победа на парламентарните и претседателските избори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Народот ја одржа најважната лекција кон власта и си ја спаси државата

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА КОЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ, АЛБАНЦИТЕ, ТУРЦИТЕ, РОМИТЕ, СРБИТЕ, ВЛАСИТЕ, БОШЊАЦИТЕ, НА ХРИСТИЈАНИТЕ И МУСЛИМАНИТЕ, НА ГОРДИОТ НАРОД кој покажа решителност и мудрост. Покажа смиреност, но голема активност, истакна вечерва на прес-конференција по убедливата победа на парламентарните и претседателските избори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во продолжение интегрален текст од говорот на Мицкоски:

Почитувани мои сопартијци, браќа и сестри, со кои минавме низ многу бури и искушенија,

Почитувани новинари и медиумски работници со кои бевме заедно на сите настани, митинзи и протести.

ПОЧИТУВАН НАРОДЕ НА МАКЕДОНИЈА, кој секогаш ќе ја имате мојата најдлабока почит, и пред чија храброст длабоко се поклонувам.

УСПЕАВМЕ!!

УСПЕАВМЕ!!!

УСПЕАВМЕ!!!!

МАКЕДОНИЈА ПОБЕДИ!!!

ИСТОРИСКА ПОБЕДА НА НАРОДОТ!!!

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЈА КОЈА Е НА МАКЕДОНЦИТЕ, АЛБАНЦИТЕ, ТУРЦИТЕ, РОМИТЕ, СРБИТЕ, ВЛАСИТЕ, БОШЊАЦИТЕ, НА ХРИСТИЈАНИТЕ И МУСЛИМАНИТЕ, НА ГОРДИОТ НАРОД кој покажа решителност и мудрост. Покажа смиреност, но голема активност.

ПАДНА ВЛАДАТА во Македонија и има причина за тоа.

Криминалот, корупцијата, неспосoбноста, лажните вредности кои ги застапуваа, одземената држава, тендерите, непотизмот и уште стотина други последици кои направија државата да страда, а народот да е разочаран. Вечерва конечно се поразени.

Поразени се и предавствата, поделбите, тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денес ги боли главата има и зошто. Ќе одговараат до последниот, секој кој направил криминал и спровел корупција. Мора да има одговорност, заоснована на правда и закони.

Поразен е и бојкотот на ДУИ.

Ова на нашата победа дава посебно задоволство. Народот покажа дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себе си. А ДУИ покажаа дека се најмалку партија која се грижи за Македонија и станаа силно криминализирана структура. Но, се им се удри од глава и се избојкотираа самите себе си. Време е да одат заедно со СДСМ во опозиција.

Народот ја одржа најважната лекција кон власта и си ја спаси државата. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и Македонија ќе биде ваша и ќе има иднина заоснована на вредности и надеж. Ја вративме надежта и вечерва имаме причина за славење.

Ја паметам секоја моја реченица, секоја прегратка и подадана рака. Но, и секое ветување за кое ќе го дадам и последниот атом од моите сили да се оствари и да не го разочараме народот. И вечерва сум горд на народот кој застана на патот на поделбите. Вечерва се покажа дека нема Македонија на ДУИ, нема Македонија на СДСМ, нема Македонија ниту на ВМРО-ДПМНЕ, нема лева или десна, источна или западна…има само една, единствена и вечна, независна, слободна Македонија.

Благодарност до сите кои гласаа за нашата опција. Честа е голема, одговорноста кон секој од вас уште поголема. Нема да ве разочараме. Планирам резултатите од нашата работа да се почуствуваат уште првите сто дена од формирањето на Владата. Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата. Ова не сакав да го соопштувам пред кампањата за да не се исполитизира истото. Но, очекувајте уште во првите сто дена многу добри вести.

Благодарност и до оние кои излегоа на гласање иако не гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Твоја Македонија. Ќе ги споменам и оние кои воопшто не гласаа. Сите вие ја имате мојата почит, и треба заедно и обединето да направиме повеќе за сопствената иднина, иднината на вашите семејства и нашата Македонија.

Дозволете ми да се обратам до членството и идните функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Никогаш не го заборавајте овој народ, овој народ кој испиша историја на овие избори, народ кој со голема упорност и верба, со истрајност, достоинство и со гласачко ливче го победи криминалот, корупцијата, поткупите и притисоците. Овој народ денеска ги порази сите милевци, артановци, алиевци, кои го погазуваа сите овие години и си ја вратија повторно Македонија.

Народот покажа дека ничија свеќа не гори до зори и порано или подоцна следува одговорност. Да го запомниме тоа, затоа што од судот на народот никој не избегал, како и од судот на Бога. Велат кога се качуваш по скалите, никогаш не ги заборавај луѓето што ќе ги сретнеш патем. Не ги заборавајте овие луѓе, оставете бел образ, бидете одговорни и бидете чесни. Ќе се соочите со судот на народот пак. Паметните учат од туѓите грешки, немој ни на крај памет да ви падне да го потцените мудриот народ.

Имаме причина да се радуваме и да сме задоволни и длабоко благодарни. Но, и причина и лекција да не влегуваме во еуфорија, ароганција и самобендисаност. Граѓаните очекуваат резултати. Нема да е лесно, имаме многу предизвици, но ова денес е показател дека заедно ќе успееме.

Доста е со деновите кога една влада им служеше само на групите на своите коалициски партии – нашата влада ќе им служи на сите Македонци. Без разлика на нивниот пол, возраст, регион или етничка припадност и секако без разлика кого поддржувале или за кого гласале.

Нашата цел е да се гордеете со новата Влада.

Ќе се гордеете дека оваа земја ќе застане на нозе, ќе биде економски јака и ќе промовира соживот каде граѓанинот конечно ќе ја има државата во свои раце.

За брзо време ќе започнеме преговори со партиите од опозицијата за формирање на најдобрата коалиција и влада за нашата Македонија.

На Македонија и треба политичка култура на повисоко ниво, каде партиите треба да се почитуваат и да соработуваат за државните интереси на Македонија.

Уверен сум дека ќе ја формираме оваа влада во најкус можен рок. И процесот ќе биде транспарентен.

Драги пријатели, браќа и сестри, почитувани сограѓани.

Ова е двојна победа. Коалицијата Твоја Македонија, ВМРО-ДПМНЕ застанаа и добија претседател, тоа е Гордана Силјановска Давкова. Нејзината цел ќе биде да го врати достоинството и Македонија да биде повторно горда. Верувам во нејзините капацитети и знам дека со доблест и решителност ќе служи на народот и на татковината. Нека е честито професорке.

Драги браќа и сестри.

Ова за нас беше тешка, но и многу успешна кампања. ВМРО-ДПМНЕ влезе храбро со прецизни пораки и тоа беше препознаено од народот. Затоа и порасна довербата што е наша одговорност.

Посакувам власта во заминување да научи од грешките. Би сакал сега да ги надминеме поделбите и да најдеме заеднички мир, затоа што мораме да служиме како пример за сите Македонци, а особено за младата генерација но и сите идни.

Нормално е да има разлики, но со нив треба да се соочиме со достоинство и почит.

Бидејќи на оваа земја и е потребна силна опозиција.

На оваа земја и треба рамнотежа во политиката каде опозицијата ја балансира владата и е нејзин коректор.

Јас ќе разговарам со секој од Вас кој и мисли добро на државата.

Јас нема да ги затворам вратите за разговори, како што правевте вие скоро седум години. Учиме од вашите грешки и нема истите да ги направиме.

Драги пријатели.

Вечерва имаме причина за славје и ги повикувам граѓаните да прославиме заедно на плоштадот Македонија во Скопје, и на плоштадите низ сите градови на Македонија. А од утре на работа и веќе претпладне ќе го одржам првиот состанок каде ќе ги утврдиме принципите од кои нема да остапиме за формирање на влада.

Мора да се сменат работитте и тие промени да се почуствуваат.

Сосема на крај, благодарност до сите кои учествува во оваа кампања, до моите соработници кои се прекрасни луѓе во кои верувам.

Благодарност и до семејството кое понесе огромна жртва и истрпе бројни напади, омаловажувања, манипулации и жигосувања. Не беше лесно, но сите заедно кои го правиме освој систем успеавме.

На крај ќе завршам со она што стана наша заедничка химна,

Негде ќе те премолчат,
негде ќе те сокријат,
гроб со гроба ќе покријат.
Само ти си бесмртна,
жива вода подземна,
кај што тонеш ти извираш.

Ова е нашето време. Ова е нашето време. Да се обединиме во заедничката цел.

Ќе го направиме овој мандат, а и ќе ја направиме оваа деценија од нашата историја нешто што ќе се памети со генерации.

Покажуваме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации.

Да сте ми живи и здрави, Бог да ја благослови Македонија!, рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top