Во Велес и Велешко на сите 84 избирачки места до 13 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список за претседател гласале 13 494 или 30,08 проценти од избирачите.
На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници до 13 часот гласале 13 742 или 30,57 проценти од гласачите, информира за МИА, Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес.
Од ОИК Велес ги повикуваат гласачите до 19 часот да излезат на избирачките места и да го остварат своето уставно право на глас.