Во Општина Пехчево во вториот круг од претседателските избори до 11 часот своето право на глас го оствариле 17,8 проценти од евидентираните 3899 избирачи, информираа од Општинската изборна комисија. Во оваа општина бројката на гласачи за парламентарните избори е 3905 лица.
– Гласачките места беа отворени навреме, се тече во најдобар ред. Досега гласале 698 гласачи или 17,8 проценти, информираа од ОИК Пехчево.
Во Пехчево се гласа на 9 избирачки места.