Гласачкото право е граѓанска должност која навидум изгледа наивно и незначајно. Но секоја индивидуа во општеството е важна алка за создавањe на здрава иднина во која нашите потомци ќе бидат горди, вели градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
-Драги Македонци, денес секој од нас има можност да донесе важна одлука. Да излеземе сите масовно да гласаме за нашиот иден претседател и со поголема масовност да ја избереме идната влада. За нашата Македонија е важно да одбереме и стабилен претседател а не само стабилна влада. Драги граѓани на Република Македонија, да излеземе денес масовно да гласаме, да бидеме дел како од претседателските така и од парламентарните избори! Денес сите сме креатори на нашата иднина, пишува Јанчев на Фејсбук.