Центарот на НБА лигашот Њујорк, Мичел Робинсон ќе мора да паузира од шест до осум недели поради повреда на левиот зглоб што значи дека за него практично плејофот е завршен.
Претходно оваа сезона, Робинсон пропушти 49 натпревари поради операција на глуждот. Центарот се врати на паркетот во самиот крај на регуларниот дел од сезоната и учествуваше во плејоф серијата од првото коло во Источната конференција против Филаделфија која Њујорк ја доби со 4:2.
Последниот натпревар што го одигра Робинсон беше во понеделникот во победата над Индијана со 121-117 во првиот натпревар од второто коло од плеј-офот. Во него Робинсон запиша два поени и два скока на своето конто.
Робинсон е третиот клучен играч за Никс кој предвреме ја заврши сезоната поради повреда, по Џулиус Рендл Бојан Богдановиќ.