Шпанските истражни органи соопштија дека имаат доволно докази во случајот со поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш, за да го изведат Бразилецот пред лицето на правдата, пишува „L’Equipe“.
Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец наскоро ќе се појави пред шпанскиот суд под обвинение за сексуален напад. Истражниот совет во Барселона соопшти дека во случајот има доволно докази за да започне судење, што е во согласност со препораките на обвинителот.
Датумот на рочиштето се уште не е објавен.
Четириесетгодишниот Алвеш беше уапсен на 20 јануари и ставен во истражен затвор. На Бразилецот, кој кажа дека сексуалниот однос со девојката која го тужи се случил во тоалет во ноќен клуб во Барселона бил доброволен, му се заканува затворска казна до 15 години. (МИА)