Орландо Меџик сака да се засили сериозно за следната сезона. Прво име на листата желби е Клеј Томпсон.
Фантастичниот шутер на Голден Стејт иако има 34 години, сепак може многу да придонесе во офанзивниот дел од тимот.
Делува дека по 14 сезони Томпсон е на излезните врати на Вориорси и ќе менува средина.
Повеќето угледни новинари во САД потврдија дека интересот е обостран. Останува да видиме дали челниците на Орландо и Томпсон ќе пронајдат заеднички јазик за финансиските услови.