Дезмонд Бејн од следната сезона ќе го носи дресот на Орландо Меџик. Инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија, откри дека 26-годишниот кошаркар ќе се упати кон Флорида во замена за Кентавиус Колдвел-Поуп, Кол Ентони и четири незаштитени избори од првата рунда на драфтот.
И тоа не е сè, бидејќи Мемфис ќе има право да ги размени изборите од првата рунда со Орландо доколку сака.