Денес беше направено жребувањето на Европското првенство за сениори што почнува утре во Задар, Хрватска, и ќе трае до недела. Нашите каратисти ги добија противниците, пишува IPON.
Во нашиот табор очекуваат максимум од репрезентативците и освојување на најмалку еден медал.
Во нашиот состав има повеќе освојувачи на медали од европските првенства и од светско првенство.
Најдобриот македонски каратист Емил Павлов досега се радуваше на двa златни мeдали на ЕП во 2014 во Тампере и 2018 година во Нови Сад, како и на две бронзи, а во 2021 беше светски вицешампион.
Во екипно борби ќе настапат и Викторија Јовановска, Витомир Трајовски, Стефан Стојановиќ и Нурсел Мисини.
На ЕП настапуваат 491 каратист со 601 натпреварувачки влез од 51 држава.
За Македонија ќе настапат:
Борби, жени
-50 кг Михаела Мишовска – Ерминија Пефето (Италија)
-55 кг Симона Заборска – Елена Березовскаја (Молдавија)
-61 кг Вероника Костовска – Лаура Сиверт (Франција)
-68 кг Ангела Мојсовска – Лине Зачо Кудсен (Данска)
+68 кг Ердона Зибери – Ниам Џунер (Шкотска)
Борби, мажи
-60 кг Недим Шаќири – Давид Ткебучава (Грузија)
-67 кг Емил Павлов – Арциом Крауцу (неутрален)
-75 кг Петар Заборски – Даниел Сантионеану (Романија)
-84 кг Петар Спасеновски – Фредерико Лопз Салас (Норвешка)
+84 кг Данило Божовиќ – Матиос Стијану (Кипар)
Женски кумите тим
Македонија – Украина
Машки кумите тим
Македонија – Германија)
Кати, мажи
Кристијан Бајовски – Флоријан Цоехлинг (Австрија)
Ката тим (Бајовски, Спасовски, Стојаноски)
Македонија – Австрија