Вечерва започнува првата полуфинална вечер на Евровизија која годинава се случува во Шведска, Малме.
Победата лани на Швеѓаните им ја донесе пејачката Лорин која победи на Евровизија по втор пат и стана првата жена на која и успеало тоа, а само пред неа двапати победи пејачот Џони Логан кој испиша историја во машка конкуренција.
Лорин овие недели под полна пареа се подготвува за она што ќе се случува во следните три дена во нејзината земја, па по тој повод често објавува и видеа и фотографии на својот Инстаграм профил.
Овој пат објави топлес фотографија од подготвувањето на еден од перформансите кои ќе имаме можност да ги видиме во некои од следните три вечери.
Таа градите ги прекри само со едната рака, а измеѓу нив откри дека има голема тетоважа, погледнете:
View this post on Instagram