Португалецот беше доведен со цел да направи разлика на клучните натпревари во Европа, но на крајот ниту Кристијано не успеа да го донесе тој плус кој претходно му недостасуваше на тимот на Алегри.
Три години по неговото заминување од Торино, многу полесно на оваа тема зборруваат и неговите тогашни соиграчи, а еден од нив беше токму Кјелини кој останал воодушевен од Португалецот, без разлика на тоа што крајната мисија не беше остварена.
– Карактерот кој го покажуваше Роналдо во тешките и критични моменти е она што најмногу ме импресионираше кај него. За време на првата година сакаше да го потресе светот и да покаже дека е посилен од цел Реал Мадрид. Со него во тимот, најблиску во Лигата на шампионите бевме кога доживеавме елиминација од Ајакс. Ако стигневме до финалето, сигурен сум дека тој ќе не однесеше до победа, – вели Кјелини.