Николоски истакна дека како и за многу области има луѓе кои си ја работат професијата и луѓе кои ја злоупотребуваат и наша цел е да ги поканиме професионалците да ни помогнат заеднички да ја реализираме Платформа 1198 за заеднички да ги поправаме работите.
Вечерва со нас е мојот пријател докторот професорот Виктор Камнар, би сакал да му се заблагодарам на поддршката, тој е најдобриот ортопед во целиот регион, кој направи прва трансплантација на коска во регионот, кој си ја сака професијата, медицината, врвен професионалец и кој сака да се подобрува здравството. Тоа се професионалци луѓе кои не ги интересираат провизии, мито, туку гледаат да помогнат на пациентите и не ги злоупотребуваат пациентите, не се сликаат со своите пациенти туку им помагаат, не ја злоупотребуваат својата професија и гледаат да не збогатат преку ноќ со крадење, туку да му помогнат на народот. Со вакви луѓе ќе го поправаме здравството, изјави Николоски.
Николоски нагласи дека од друга страна е неговиот против кандидат, човекот кој го уништи здравството, кој ќе остане запишан на најцрните страници на македонското здравство, влече десетици афери позади себе, дали е тоа случајот со приватизација на стерилизацијата, дали е тоа провизијата за вакцини кои не стигнаа, дали е тоа сомнителната набавка на апарати или неговата улога во случајот Онкологија каде што терапија не беше давана на болни од канцер на кои им беше најпотребна.
Николоски се осврна и на проектите за Радовиш и регионот.
Во Радовиш планираме да се заврши изградбата на експресен пат од Радовиш до Струмица, кој треба да продолжува до Ново село и границата, односно од граница со Бугарија до Штип да има експресен пат кој би се врзувал со автопатот и целиот исток подобро да функционира. Тука е реконструкција и пренамена на оваа стоковна куќа во едукативен и забавен културен центар со содржини од јавни дејности и сум убеден дека градоначалникот ќе го направи на најдобар можен начин. Планираме уредување на речното корито на Радовишка река, уредување на населени места, спортско рекреативен центар и бројни други проекти кои треба да го подобрат животот во Радовиш, рече Николоски.
Николоски истакна дека нема да биде заборавени и земјоделието.
Тутунот е основен извор на егзистенција и планираме да го донесеме законот за забрана на увоз на тутун за целиот македонски тутун да се откупува по пристојни цени. СДСМ не го гласа затоа што главен увозник е братот на министерот за земјоделие. Потребна е масовна референдумска излезност, секој еден да излезе на гласање, потребна е масовна поддршка, ВМРО-ДПМНЕ е единствената сила која може да ја направи промената, нагласи Николоски.