Македонија

Стојаноска: СДСМ е реалниот проблем на граѓаните, таа влада служеше само за склучување на штетни договори

Стојаноска: СДСМ е реалниот проблем на граѓаните, таа влада служеше само за склучување на штетни договори

Носителката на изборна единица 6, Дафина Стојаноска, во емисијата „Аргумент“ на 24ТВ истакна дека СДСМ е реалниот проблем на граѓаните. И потсети дека седум години актуелната власт ништо не направи за доброто на граѓаните, затоа по 8-ми мај ќе заминат во длабока опозиција.

„Таква енергетска криза која што ја имаше Македонија немаше никаде во регионот. Македонија со такви ресурси, актуелната власт ја направи зависна од увоз на струја“, појасни Стојаноска говорејќи како актуелната власта не направи ништо за справување со енергетската криза туку ја продлабочија.

„Доцна е веќе било што да се слуша од страна на актуелната власт бидејќи имаше доволно време, односно седум години за да покаже храброст и одлучност бидејќи дојде на власт со паролите – „Нема правда, нема мир“, а напротив во државава завладеаја корупцијата и криминалот“, појасни Стојаноска.

Стојаноска додаде дека власта единствено служеше само за склучување на штетни договори, и таа порача – „Аспирациите на ВМРО-ДПМНЕ се што поскоро Македонија да влезе во ЕУ, но не уценети и не условени“.

„Очекувам уште поголема излезност на граѓаните на гласање и уште поголемо заокружување двапати на бројот 2“, порача Стојаноска.

To top