Живот и Стил прочитајте внимателно

НЕ ПРАВЕТЕ ГОЛЕМ ГРЕВ НА ВЕЛИКА СРЕДА – денес никако не смеете да ги направите овие работи, особено сопружниците да внимаваат на ова!

Православната црква и верниците денеска ја одбележуваат Велика Среда, еден од најзначајните денови од Страдната недела.

НЕ ПРАВЕТЕ ГОЛЕМ ГРЕВ НА ВЕЛИКА СРЕДА – денес никако не смеете да ги направите овие работи, особено сопружниците да внимаваат на ова!

На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. Во тек е Страсната недела, а порано овие налози на црквата ригорозно се применувале.

Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда се подготвува бојата за вапцување, а во некои краеви почнуваат да ги фарбаат велигденските јајца. Првите велигденски јајца, три на број, се бојадисуваат пред изгрејсонце на Велики Четврток.

Не треба да се работат тешки работи по дома. Во текот на оваа недела се пости, забрането е перење, веселби, пијанство, па дури и односи меѓу сопружниците. Се верувало дека децата зачнати во овој период ќе добијат „фрас“ (уплав).

На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи.

Според обичајот треба да се бере здравец, претежно од децата, а на Велики петок треба да се раздава за здравје.

И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената:Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16). Последното претсмртно помазание на Господа Христос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8).

To top