Свет За шест часа закопани 200 луѓе

Директорот на болницата во Газа: Ал-Шифа стана масовна гробница, веќе не можеме да зборуваме за болница

Тој предупреди дека медицинскиот персонал повеќе не е во можност да пружи никаква нега на пациентите, без разлика на нивната состојба.

Директорот на болницата во Газа: Ал-Шифа стана масовна гробница, веќе не можеме да зборуваме за болница

Директорот на болницата Ал-Шифа во Газа, Мухамед Абу Салми, истакна дека таа станала масовна гробница поради неможноста да се обезбеди нега на пациентите поради недостаток на струја, вода и кислород.

Франс 24 разговараше со директорот на болницата Мухамед Абу Салмија за се потешката ситуација во Ал-Шифа, каде што стотици пациенти остануваат заробени, многумина во критична состојба, заедно со илјадници цивили раселени поради постојаното бомбардирање.

„Сега, кога сè се распадна, не можеме повеќе да зборуваме за болницата. Внатре има само ѕидови каде што луѓето можат да умираат бидејќи не можат да се лекуваат. Тоа е масовна гробница. Од утрово уште седум лица починаа од недостаток на кислород. Тројца починале на интензивна нега, а еден во операциона сала. Секоја минута како што продолжува, ризикот е да се зголемува бројот на смртни случаи“, нагласи тој.

Тој предупреди дека медицинскиот персонал повеќе не е во можност да пружи никаква нега на пациентите, без разлика на нивната состојба.

„Ал-Шифа е без струја, вода и кислород. Во моментов, една девојка која боледува од срцеви заболувања секоја минута се бори за живот затоа што веќе не можеме да и обезбедиме кислород. Тоа го видов со свои очи, и ако сè уште да го имавме Интернетот целиот свет ќе ги видеа. Сè е запрено, дури и банката за крв во болницата не работи. Ниту еден повреден или болен човек на кој му треба крв не може да ја прими“, рече тој.

Тој објасни дека веќе никој не може да излезе или да влезе од зградата.

„Утринава немаше директни удари, но вчера беше погодена кардиолошката единица. Претходните денови беа погодени и одделението за интензивна нега и акушерско-гинекологијата. Денеска имаше масовно бомбардирање до болницата, која е опколена со тенкови“, вели тој.

Запрашан за тврдењата на израелската армија дека отворила коридори за евакуација за да им овозможи на раселените лица безбедно да ја напуштат болницата, тој рече дека тоа не е точно.

„Тоа е лага. Посакувам да имавме интернет за да можам да испратам видео од овој ходник, кој е нареден со трупови“.

Најнови вести од Свет

To top