На 1 мај ќе биде бесплатен дел од јавниот превоз во Анкара, Истанбул и Измир, јавуваат турските медиуми.
Жителите и гостите на трите најголеми турски градови ќе можат бесплатно да патуваат по градските железници на Денот на трудот – 1 мај, како и на 19 мај, кој е Ден на споменот на Ататурк и прослава на младите и спортот. Решението се објавува во Државниот весник (Службен весник).
Според претседателскиот декрет, на 1 и 19 мај патувањето по железничките пруги Башкентрај во Анкара, Мармарај во Истанбул и Избан во Измир ќе биде бесплатно. Бесплатно ќе биде и користењето на железничката линија Сиркеџи – Казлечеме и линијата Гајретпе – аеродром Истанбул – метро Арнавуткој во Истанбул.