Главните состојки на оваа попопуларна „Витаминска салата“ која го збогатува организмот со витамини и минерали се влакната и пектинот.
Намирниците што ви се потребни се лесно достапни и евтини.
Дали сакате да го обновите сопственото тело, но не знаете како?
Ви пренесуваме рецепт за оброк кој ги чисти мастите во цревата и на тој начин ја намалува тежината, а ја регулира и стомачната киселина.
Потребно ви е:
-Зелка
-Репка
-Морков
-Сок од лимон
-Маслиново масло
Подготовка:
Изрендајте ги зелката, репката и морковот во сооднос 3: 1: 1. Додадете билки по ваш вкус (магдонос, целер…). Измешајте го зеленчукот за да се ослободи сокот.
Потоа додадете малку сок од лимон.
На крајот, додадете маслиново масло. Не солете ја салатата.