Вчера во ресторан „Грација“ во Куманово со почеток во 17:30 часот се одржа третата трибина од циклусот за претставување на клучните точки од програмата „Македонија повторно горда“ на тема „Консензус“ на кандидатката за Претседателка на Македонија професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова.
На трибината беше претставена изборната програма „Македонија повторна горда“ на албански, турски, српски, влашки, ромски и босански јазик. Панелистите на трибината беа претставници од српската, бошњачката, албанската, турската, влашката и ромската заедница. А како панелист говореше и д-р Рашела Мизрахзи, пратеничка во Собранието на Република Македонија. На трибината беа присутни и коалиционите партнери од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Професор д-р Гордана Сиљановска-Давкова истакна:
-Јас сум горда заедно со сите вас. Македонија е наша заедничка татковина. Искрено се радувам што изброната програгама „Македонија повторно горда“, сега е достапна и на албански, турски, српски, влашки, ромски и босански јазик. Знам дека сите сте горди на своите јазици и затоа честа е уште поголема. Сите заедници ги чувствувам блиски. Родена сум во турска куќа во Охрид, сум пораснала во старото маало со соседи Албанци, семејството Салиовци. Во Србија имам роднини, со влашката заедница секогаш сум негувала посебен однос, моите соседи се Власи. Се сеќавам на перидот од 90-те години на минатиот век, тогаш сакав докторатот да го пријавам во Босна и Херцеговина, за жал се случи војната.
Искрено жалам што не можеше да се спречи. Кога зборувам за ромската заедница, морам да истакнам дека таа е една од најранливите заедници. Јас ветувам дека како претседателка особено ќе се грижам за ромската заедница. Не можам, а да не ја спомнам и еврејската заедница. Иако е денес малубројна, во минатото била една од најголемите во Македонија. Замислете, да не се случел Холокаустот колку припадници денес би имала и колкав би бил нивниот придонес за оваа држава. Морам да кажам, на еврејската заедница и должиме многу, најмалку што може е да е спомената во Уставот.
Ова се вредностите кои ние можеме да и ги понудиме на Европската Унија. Ние отсекогаш сме биле дел од Европа, историски, културно, цивилизациски. Ако ЕУ значи обединување на различностите, ние денес сме најдобар пример за тоа. Среќна сум што сите вие сте дел од овој мозаик наречен Македонија, тоа не е случајно.