По средбата тој сподели и статус на Фејсбук:
-Денес остварив средба со здравствените работници од Битола.
Тие се соочуваат со огромни проблеми и предизвици во своето работење.
Недостигот на кадар е огромен проблем за функционирањето на Клиничката болница Битола, како и немањето или нефункционирањето на медицинските апарати.
Слушнав квалитетни решенија и предлози за рестартирање на здравствениот систем.
На здравствениот систем му е потребно целосно реформирање и реконструирање.
Потребно е итно превземање на огромни чекори за надминување на катострофалната состојба во Клиничката болница во Битола.
Важно е да имаме квалитетно здравство.
Важно е да имаме задоволни лекари и пациенти, стои во неговиот пост на Фејсбук.