На 27.04.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа.
На 28.04.2024 бил извршен увид на местото и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната од местото.