Денеска (29.04.2024) во 02.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Ч.(25) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ по барање на Интерпол.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.