На 28.04.2024 во 17:10 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Богомила, општина Чашка, С.Ѓ.(54) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница во Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.