Македонија Детектор

Близу 60 отсто од граѓаните ќе гласаат на изборите- кампањата не влијаела на нивната одлука

Очекувано, најмал интерес за гласање има кај најмладите, особено кај оние под 30 години каде на гласање рекле дека ќе излезат 43,9% од анкетираните додека меѓу граѓаните постари од 60 години, дека ќе гласаат рекле над 78%.

Близу 60 отсто од граѓаните ќе гласаат на изборите- кампањата не влијаела на нивната одлука

Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на парламентарните избори, покажува последното истражување на 59,8% јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Според него, 59,8% од граѓаните рекле дека ќе гласаат на изборите, додека 20,5% се решиле да останат дома.

Очекувано, најмал интерес за гласање има кај најмладите, особено кај оние под 30 години каде на гласање рекле дека ќе излезат 43,9% од анкетираните додека меѓу граѓаните постари од 60 години, дека ќе гласаат рекле над 78%.

Нема некои разлики во одговорите според етничката структура на испитаниците. И Македонците и етничките Албанци во идентична бројка од околу 60% рекле дека ќе гласаат на изборите.

46,8% од анкетираните велат дека на парламентарните избори ќе гласаат за истата партија за која гласале и на претходните избори додека дури 33,2% планираат гласот да го дадат за партија за која не гласале на претходните избори.

Споредбата со резултатите од анкетата која ја направивме во 2020 година покажуваа дека на овие избори се намалил бројот на граѓани кои ќе гласаат за иста партија од 55,7% во 2020 на 46,8%

сега. За сметка на тоа значително пораснал бројот на граѓани кои ќе сменат партија, од 19,3% во 2020 на 32,4% на последното истражување.

Мнозинството граѓани не им верува ветувањата кои политичките партии ги даваат за време на изборните кампањи. Ваков став имаат 55,8% од граѓаните додека 41,6% веруваат во ветувањата на политичарите.

Бројките со нашата анкета од 2020 година на ова прашање се речи си идентични.

Оттука, не изненадува податокот дека 69% од анкетираните велат дека предизборните кампањи немаат влијание на нивната одлука за тоа за кого ќе гласаат, додека 29% чувствуваат влијание од кампањата.

Во поглед на политичката понуда на овие избори, 48,5% од граѓаните рекле дека се задоволни од неа, додека 46,2% дека не се. Интересно е што етничките Албанци се значително поздоволни од политичката понуда на изборите. Кај оваа етничка група, 64% од испитаниците изразиле

задоволство од понудата, додека само 32,4% рекле дека не се задоволни. Кај Македонците ситуацијата е обратна. Мнозинството 50,1% рекле дека не се задоволни од понудата, додека нешто под 44% рекле дека се задоволни.

За граѓаните најважно прашање кое идната влада треба да го реши е подобрување на животниот стандард. Ваков избор направиле 30% од анкетирани. 14% се решиле за борба со корупцијата, 10% за зголемување на платите и пензиите. Само 3,4% сметаат дека приоритет треба да биде

враќање на уставното име, додека само 6% промена на Уставот поради интеграција во ЕУ. 43% од граѓаните сметаат дека нашите политичари се далеку од нивото на европските политичари, додека само 6% сметаат дека се исти.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз

репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

Најнови вести од Македонија

To top