Република

Кракутовски: Мојот патриотизам е насочен кон перспективно економски стабилно и туристичко Берово (ВИДЕО)

Кракутовски: Мојот патриотизам е насочен кон перспективно економски стабилно и туристичко Берово (ВИДЕО)

Како кандидат за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, мојот патриотизам е насочен и кон перспективно и економски стабилно Берово.Развојот на туризмот е стратешка економска гранка, компонента на платформата 1198, изборна програма, каде што велиме „Луѓето на прво место“.На страна 182 од платформата започнува поглавјето под наслов: МАКЕДОНИЈА- АТРАКТИВНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА со целосен фокус за обнова, реизградба и повторно отварање на целокупниот туристички потенцијал на Македонија“- истакна во денешното обраќање кандидатот за пратеник од партијата ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 Столе Кракутовски.

Кракутовски кој долги години заедно со неговото семејство работи во угостителството и развојот на туризмот, ги потенцираше главните и реални проекти кои се предвидени во програмата, со кои Берово конечно ќе се развива во главна туристичка дестинација во државата.

Во оваа прилика сакам да потенцирам неколку сегменти опфатени ВО ПЛАТФОРМАТА 1198 со кои се предвидува:

преобмислување на концептот на ловство и риболовство, за што малешевските планини и беровското езеро се одличен потенцијал за развој, а тоа значи одговрно управување со дивечот , безбедност на ловот и зачувување на животната средина како и поддршка на риболовците и промовирање на овој популарен спорт.

Предвидуваме кампинг туризам што е светска практика, урбан туризам преку што е можно поголем број на целогодишни локални настани во урбаниот дел, како и руралниот туризам и етно туризмот и низа на други облици за кои малеш има и те како потенцијал.
Продолжуваме со авантуристички туризам, езерски туризам, планински туризам тоа се сегменти кои се вградени во малешевските планини и само со добра и обмислена организација и промоција, заедно со угостителскиот еснаф од малешевијата, ќе допринесеме до постигнување на нови успеси во нашата фела.

Мошне значајно е имплементирање на објективни критериуми за категоризација на сите туристички објекти во зависност од потребите и новите барања на туристите.
Намалување на административните процедури во туризмот, акцент на ефикасност и воведување на е-услуги – додаде Кракутовски.

По огромната разлика во корист на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори, Столе Кракутовски им се заблагодари за големата поддршка на Беровчани и Малешевци и испрати порака до сите граѓани, повторно на 8 мај заеднички да се потврди победата на изборите за подобро Берово и подобра Македонија.

-Ве повикувам да одвиете време и внимателно да ја проследите ПЛАТФОРМАТА 1198, програмата е богата со проекти, идеи и решенија, Ве уверувам дека се што е предвидено и ќе биде реализирано.Во Вашите раце е иднината на нашето Берово, но и иднината на нашата Македонија.Да не дозволиме други да ни ја кројат судбината.Да останеме одговрни и да го потврдиме резултатот на 8 Мај – рече Кракутовски.

Во продолжение видео обраќање на кандидатот за пратеник Столе Кракутовски во ИЕ 3 од партијата ВМРО-ДПМНЕ:

Најнови вести од Република

To top