Ракомет

РК Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот

РК Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот

Ракометниот клуб Вардар како бранител на трофејот ќе има далеку потешка задача и ќе треба да ги одмери силите со Алкалоид, додека македонскиот првак ќе се сретне со Тиквеш.

За потсетување, завршниот турнир во македонскиот Куп е на програмата викендот од 17-ти до 19-ти мај, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.

Истовремено беше извлечана ждрепката и за полуфиналињата кај дамите, па во завршниот турнир во женска конкуренција ќе се сретнат Чаир – Вардар, односно Куманово – Ѓорче Петров.

To top