ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Д.(32) од Росоман поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираа попладнево од СВР Велес.
– На втори јуни 2023 година, со наредба од суд, бил извршен претрес во неговиот дом. Притоа биле пронајдени и одземени воздушна пушка со оптички нишан, пет патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар. При претрес на неговото патничко возило со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени и одземени осум патрони ловна муниција кои ги поседувал без дозвола, појаснија од СВР Велес.