Република

Во Охрид до 11 часот излезноста на изборите 12,94 отсто, во Дебрца 14 проценти

Во Охрид до 11 часот излезноста на изборите 12,94 отсто, во Дебрца 14 проценти

На денешните претседателски избори до 11 часот правото на глас го оствариле 12,94 проценти од гражаните со право на глас.

Излезноста на изборите за истиот период на гласачките места во Општина Дебрца изнесува 14 проценти.

Од двете ОИК за МИА информираат дека гласањето се одвива непречено и без какви било пријавени нерегуларности.

Во главниот избирачки список за претстојните претседателски избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи, додека во Дебрца право на глас имат вкупно 3938 лица.

Најнови вести од Република

To top