Ракомет

Во четврток ждрепка за полуфиналето од Купот на Македонија

Во четврток ждрепка за полуфиналето од Купот на Македонија

Ракометната федеерација на Македонија (РФМ) в четврток напладне ќе ја изврши ждрепката за полуфиналето на Купот на Македонија и во машка и во женска конкуренција.

По мартовските четвртфинални групи дефинирани се четирите екипи кои ќе се борат за трофејот.

Вардар 1961, кој го брани трофејот, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Тиквеш се полуфиналисти во машка, а ЖРК Куманово, како и Ѓорче Петров, ЖРК Вардар и ЖРК Чаир ќе се борат за трофејот кај дамите.

Ждрепката нема да биде делегирана. Завршните турнири во двете конкуренции ќе се играат од 17 до 19 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

To top