Денеска (21.04.2024) во 00:45 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го привеле Б.П.(30) од Скопје затоа што на бензинска станица во с.Јурумлери, скопско, го нарушил јавниот ред и мир.
Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.