Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика денеска меѓународната заедница да се спротивстави на американското вето за кандидатурата на Палестина за полноправна членка на Обединетите нации и да ја признае палестинската држава, јавува агенцијата Анадолија.
– Неправедно е што на Палестина не и се дозволува да стане членка на Обединетите нации. Ја повикуваме меѓународната заедница да се спротивстави на оваа неправда и да ја признае државата Палестина, рече Фидан на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Мавританија Мохамед Салем Оулд Мерзуг во Истанбул.
Фидан рече дека со Мерзуг разговарале за „тековниот масакр во Газа“ и додаде дека Турција и Мавританија се целосно согласно во однос на Газа.
Напорите на двете нации, како што посочи, ќе продолжат „се додека не се воспостави независна и суверена палестинска држава со источен Ерусалим како главен град и територијален интегритет врз основа на границите од 1967 година“.