Нетанјаху рече дека синоќешното гласање на демократите и републиканците покажало „силна двопартиска поддршка за Израел и одбраната на западната цивилизација“.
„Ви благодарам пријатели, ви благодарам Америка“, рече Нетанјаху, објави „Тајмс оф Израел“.
Двопартиското мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа усвои предлог-закон со кој на Украина, Израел и американските сојузници во Индо-пацифичкиот регион им се обезбедуваат дополнителни финансиски средства во износ од вкупно 95 милијарди долари.
Сега останува за тоа да се изјасни американскиот Сенат, за законот да стапи во сила.