Македонија Берово

Ковачки: Во „Платформа 1198“ е предвидено реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, уредување на просторот кај Беровското езеро и низа други проекти кои ќе го подобрат животот на беровчани

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ ветуваме правда во Македонија, тоа што го ветуваа претходниците но не успееја да го донесат. Тие само донесоа амнестија на криминалот, а оној залутаниот во Вилата на Водно тоа го потпиша“, рече тој.

Ковачки: Во „Платформа 1198“ е предвидено реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, уредување на просторот кај Беровското езеро и низа други проекти кои ќе го подобрат животот на беровчани

„Во изминативе неколку години во Македонија владее една структура која што е антимакедонска структура, која што воопшто не и мисли добро на Македонија и буквално работи на растурање на институциите, на газење на системот, на растурање на системот“, истакна Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на митингот во Берово.

„И затоа се создава недоверба кај сите вас граѓани, и затоа се случуваат иселувања од овој крај. Овој крај е еден од најпогодените со масовните иселувања. Скоро да нема дом кој што нема некое чедо надвор испратено во туѓина. И тоа мора да се промени. Тоа мора да го промениме на 24-ти април и на осми мај“, заклучи тој.

Ковачки рече дека додека граѓаните потонаа во сиромаштија и беда, додека од власта го окрупнуваа богатството.

„Иселувањето во Република Македонија зема толкав замав, што може да ни се случи Македонија да остане без работници, да ни се случи да мора да увезуваме работници. Од тие причини мора да ги градиме младите да се развиваат дома. Мора да внимаваме на сите структури, мора да внимаваме образованието да ни се развива по европски терк, мора учениците да добијат книги навреме. А, не да ни остануваат три години без книги“, укажа Ковачки.

Тој посочи дека Македонија е прва на листата по корупција во Европа. Значи најкорумпирана држава во Европа е Македонија. Најмизерна држава во Европа Македонија е. И сето тоа е поради неспособната актуелна власт.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ ветуваме правда во Македонија, тоа што го ветуваа претходниците но не успееја да го донесат. Тие само донесоа амнестија на криминалот, а оној залутаниот во Вилата на Водно тоа го потпиша“, рече тој.

Тој додаде дека за да се воспостави ред во државата, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е вметнато дека ќе има целокупна ревизија на имотот на судиите и на обвинителите. Додека во делот на земјоделието во „Платформа 1198“ е предвидено 800 милиони евра за земјоделците, да има навреме и зголемени субвенции. Инфраструктурата во Македонија со програмата ќе се обнови бидејќи инфраструктурата е значајна за развојот на државата.

Ковачки порача дека за Берово ветува реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, реконструкција и проширување со трета лента на патниот правец Берово – Виница, како и реконструкција на патниот правец Берово – Пехчево – Делчево – Македонска Каменица.

„Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на изградба на пристапниот пат до селските гробишта во село Русиново, изградба на локален пат до црквата Св. Марко во село Русиново, асфалтирање на локален пат Берово – Владимирово, како и средување на просторот околу Беровско езеро за развој на туризмот. И многу други проекти кои ќе значат подобар живот за сите Беровчани“, рече Ковачки.

Од митингот во Берово, Ковачки порача дека гласот на граѓаните е силата која ќе донесе промени. Доаѓаат нови подобри времиња.

Најнови вести од Македонија

To top