Македонија вината ни е заедничка овде

Османи контра холандскиот амбасадор: Вината за состојбите во државата е наша ама и ваша

Ситуацијата е некаде сива. 2019 година не по наша вина бевме блокирани за да немаме одлука за преговори.

Османи контра холандскиот амбасадор: Вината за состојбите во државата е наша ама и ваша

Министерот за надворешни работи Бујар Османи остро му врати на холандскиот амбасадор во земјава за критиките во состојбите во судството и неспроведувањето на реформите и го обвини дека и тие како преставници на Унијата се виновни за лошите состојби во Македонија.

Делумно не се согласувам со амбасадорот, затоа што не е ситуацијата црно бела. Ситуацијата е некаде сива. 2019 година не по наша вина бевме блокирани за да немаме одлука за преговори. Ни по еден основ немаше наша вина во 2019-та година, па и понатаму, па и претходно. Така да вината ни е заедничка овде. И на европската Унија што дозволува преку унанимен систем земји членки да го злоупотребуваат правото на глас и го блокираат процесот, како што сега се случува во односот Грција – Албанија, рече Османи во интервјуто за емисијата 360 степени.

Најнови вести од Македонија

To top