Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се повредени денеска во напад со нож во близина на нивното училиште во источниот француски град Суфелверсхајм, јавија француските медиуми.
Според жандармеријата, 11-годишното девојче било рането со нож пред училиштето, а другото на блискиот плоштад.
Двете имале „површни повреди“ и итно биле примени на педијатрија.
Според истиот извор, напаѓачот бил уапсен околу 14.15 часот на плоштадот. Веќе го немал ножот в рака и дозволил да биде фатен.
Жандармеријата прецизираше дека тој „не им бил познат на службите“ и дека неговите мотиви „се чини дека не се поврзани со радикализам“.