Познати

ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО ВЕСТА ДЕКА ПРИНЦЕЗАТА ИМА РАК: Еве каде беше денес принцот Вилијам, сите очи вперени во тоа како изгледа тој – по ова сè е јасно!

ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА ПО ВЕСТА ДЕКА ПРИНЦЕЗАТА ИМА РАК: Еве каде беше денес принцот Вилијам, сите очи вперени во тоа како изгледа тој – по ова сè е јасно!

Принцот Вилијам денеска се вратил на официјалните должности, првпат откако неговата сопруга Кејт Мидлтон, пред четири недели откри дека боледува од канцер.

Принцот од Велс ја посетил хуманитарната организација за дистрибуција за вишок храна „Surplus to Supper“ во Сари каде ќе помогне во кујната и ќе ги товари подготвените јадења во возила за достава.

Сите погледи биле насочени кон него, а забележано било дека принцот е видно расположен.

Вилијам потоа отпатува во младинскиот центар во западен Лондон којшто е корисник на оваа организација.

Вилијам изминатите три и пол недели ги поминал со сопругата и децата, додека принцезата закрепнува од тешката болест.

Принцот последен пат присуствувал на јавен ангажман на настан којшто се занимавал со бездомниците во Шефилд на 19 март, три дена пред Кејт да открие дека боледува од канцер.

Организацијата „Surplus to Supper“ е основана во 2017 година, а собира и дистрибуира во просек по 10 тони храна неделно во банките за храна, училиштата, домовите за стари лица, верските организации и младински центри.

Вилијам во седиштето на хуманитарната организација се сретнал и со волонтерите чија цел е да го намалат јазот помеѓу расипувањето на храната и гладувањето ширум Сари и Лондон.

To top