Македонија избори 2024

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ – народот на овие избори ќе им каже готово е

Мицкоски додаде дека најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со Македонија и на нивните слуги од СДСМ.

Мицкоски: На Македонија и треба претседател, а не измеќар на ДУИ – народот на овие избори ќе им каже готово е

Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. Ова се избори каде директно вие одлучувате за вашите судбини и со вашиот глас ја враќате контролата над државата која ви е одземена“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гевгелија.

Мицкоски додаде дека најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со Македонија и на нивните слуги од СДСМ.

„Нема ниту една услуга која системот треба да ви ја обезбеди, а да не мора да ја добиете на потешкиот начин или воопшто да не ја добиете. Корупцијата е најшироко рапсространета. Денес мито се бара за најобични услуги кои системот има обврска да ги обезбеди. Криминалот стана нормална појава во институциите“, рече Мицкоски.

„Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тое се блиски луѓе на власта“, нагласи тој.

Тој посочи дека СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата.

„Затоа овие избори се и за тоа да си ја вратиме Македонија во рацете на народот. Промените се во ваши раце, за да Македонија биде повторно твоја, повторно ваша. Македонија мора да ја направиме горда. Или тие од власта или народот. Или нивна или наша заедничка“, порача Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека 24-ти април е одговорот. И цврсто е уверен дека ќе им се случи народ. Затоа што предолго го потценуваа и газеа. Затоа што предолго го потргнуваа настрана и правеа место единствено за нивните од власта.

„Затоа што не потценуваат и ја навредуваат нашата интелегенција кога велат дека ќе продолжат да владеат како до сега. На нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже готово е. Доаѓа крајот“, укажа тој.

„Затоа потребно е масовно да се излезе и да се гласа за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова. Гордана е решението за претседател на Македонија. Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, и таа до крај се бори за него, затоа што верува во него. Гордана покажа лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем, работи кои овие години најмногу беа поганети од оваа власт во заминување. На Македонија и треба претседател а не измеќар на Али, Артан, Бујар, Талат и останатите од ДУИ“, порача Мицкоски.

To top