Веќе неколку дена Џенан Лончаревиќ е топ тема во регионалните медиуми откако како гром од ведро небо се појави веста дека се разведува од сопругата Самира по 25 години брак.
Од бракот имаат две деца кој пејачот ги чува од очите на јавноста, а досега не сме имале можност да ги видиме во јавноста.
Пејачот кој гради кариера без скандали, откако изби веста за неговиот развод, во овој момент се обидува да ги заштити децата од сите лоши работи, открива извор близок до него.
View this post on Instagram
-Џенан ги обожува своите деца и откако ги доби, тие се центарот на неговиот свет. Нему му е важно разводот никако да не ги погоди и да се труди да ги заштити од се лошо. На сите им е добро познато дека има кариера без скандали и дека се трудел да ги држи сопругата и нив што подалеку од јавноста за да го одржи семејниот мир – наведува изворот и додава дека Лончаревиќ е отворен за секакви договор и дека ќе избегне евентуален конфликт со Самира бидејќи децата треба да продолжат да растат во здрава средина.
Како што дополнително открива изворот, Лончаревиќ е подготвен да се откаже од се заради доброто на децата и сопругата, а прашањето за алиментацијата нема да биде проблем.
View this post on Instagram
-За разлика од повеќето турбулентни разводи, Џенан се труди се да заврши на пријателски тон. Иако за 25 години имаат лоши и добри моменти, тој е подготвен да се откаже од се заради сопругата и децата. Не се спорни ниту алиментацијата, ниту времето кое сака да го помине со децата. И покрај тоа, сите овие години заработува за да му обезбеди убав живот на семејството. Живее скромно и ништо не му треба. Прашање е како ќе помине разводот и дали ќе биде проблематичен, но сосема е сигурно дека ќе се потруди да биде фер и дека децата нема да ги почувствуваат негативните последици од таа разделба – заклучува изворот за Ало.рс.
Да потсетиме, Самира пред два дена потврди дека се разведува од пејачот откако јавноста имаше можност да ја види првпат во овие 25 години откако се во брак.
Таа за медиумите изјави дека се плаши дека пејачот ќе ја избрка од куќата во која живее со децата и во која инвестирала сите овие години.