Живот и Стил Празник

Го празнуваме Преподобен Никита Мидикиски

Кога Никита порасна и го заврши образованието и самиот го остави светот и се замонаши во Мидикискиот манастир.

Го празнуваме Преподобен Никита Мидикиски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 април.

Денеска е Преподобен Никита Мидикиски.

Во времето на византискиот император Лав Петти Ерменецот, еден од бастионите на православието загрозено од иконоборството беше и Мидикискиот манастир. Игумен на овој манастир беше свети Никита, по потекло од Кесарија Витиниска. Мајката на Никита умре уште додека овој беше дете, а татко му го остави кај баба му и се замонаши.

Кога Никита порасна и го заврши образованието и самиот го остави светот и се замонаши во Мидикискиот манастир. Тука тој подоцна стана игумен. Овој тврд во верата игумен многу пострада од иконоборците, беше затворен и мачен, но не се поколеба во верата. Се упокои во 824 година, а неговите мошти беа положени во неговиот манастир.

 

To top