Фудбал

Хрватски тренер на преговори со Ливерпул

Хрватски тренер на преговори со Ливерпул

На изненадување на сите фанови на Премиер лигата, Нико Ковач е еден од кандидатите за преземање на Ливерпул по крајот на оваа сезона, последна во која тимот од „Енфилд“ го предводи Јирген Клоп.

„Дејли Мејл“ пишува дека поранешниот селектор на хрватската репрезентација и поранешен тренер на Баерн и Монако е меѓу потенцијалните решенија за клупата на Ливерпул.

„Претставниците на Ковач неодамна беа во Лондон“, пишува „Дејли мејл“. Последен ангажман на Ковач беше во Волфсбруг, каде не се наметна и пред неполн месец доби отказ
Да потсетиме, Ливерпул на крајот на јануари потврди дека Клоп ќе го напушти тимот што го води нешто помалку од девет години.

To top