Македонија

Министерот Тошковски учествуваше во превентивни активнoсти на Одделението за превенција при СВР Скопје

Министерот Тошковски учествуваше во превентивни активнoсти на Одделението за превенција при СВР Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска 14.04.2024 заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи и градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски се приклучија кон превентивно-едукативните кампањи кои ги спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“, „Незаконско сечење на дрва и криминал“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.

Оваа активност беше спроведена на подрачјето на Општина Сопиште, односно на излетничко место Козјак. Основна цел е зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината и посетителите на ова излетничко место, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Имено, за време на активноста беше потенцирано зачестеното палење на шумите при правење на скара, и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.

Притоа, по случаен избор на присутните посетители им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.

Најнови вести од Македонија

To top