Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска беше во посета на Куманово каде оствари средби со граѓани.
-Потребно е да си ја вратиме Македонија на народот. Доста е од криминалци и неспособни луѓе да ни ја водат државата. Гласот на народот потребно е да се крене и да се слушне, народот одбира во која насока ќе чекори Македонија. Ајде сите заедно да го започнеме патот на промените за враќање на гордоста и достоинството на народот и Македонија. Број 2 за Гордана Силјановска Давкова идниот претседател на Македонија, објави Мисајловски на Фејсбук.